Ahmet Gürhan Kartal
21 Септември 2022•Ажурирај: 23 Септември 2022
ЛОНДОН (АА) - Британскиот министер за одбрана, Бен Валас, наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација и нелегитимната анексија на делови од Украина ги опиша како „признание дека неговиот план во Украина пропаѓа“, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Тој [Владимир Путин, заб. на авт.] и неговиот министер за одбрана испратија десетици илјади свои граѓани во смрт, слабо опремени и лошо водени“, рече Валас и додаде:
„Ниту една пропаганда не може да го сокрие фактот дека Украина победува во оваа војна и дека меѓународната заедница е обединета.“
Коментарите на Валас следуваа по најавата на Путин за делумна мобилизација утринава.
„Верувам дека е неопходно да се поддржи предлогот на Министерството за одбрана и Генералштабот за прогласување делумна мобилизација во Руската Федерација“, рече Путин во телевизиското обраќање до нацијата.
Путин додаде дека тој веќе го потпишал соодветниот декрет.
Активностите за мобилизација започнаа денеска.