Fuat Kabakcı
09 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
ПЕКИНГ
Кинеското Министерство за трговија соопшти дека вицепремиерот Лиу Хи ќе отпатува во САД за да ја потпише првата фаза од трговскиот договор меѓу двете земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството, Гао Финг, на прес-конференцијата одржана во главниот град Пекинг изјави дека директорот на Кабинетот на Централната управа за финансии и економија и вицепремиерот Лиу Хи од 13 до 15 јануари ќе го посетат Вашингтон за да ја потпишат првата фаза од кинеско-американскиот трговски договор.
Портпаролот Гао, исто така, рече дека главниот преговарач на Кина, Лиу, веќе една година преговара со САД и дека одржува блиска комуникација со делегациите што преговараат.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, минатиот месец соопшти дека на 15 јануари со високите претставници на Кина ќе биде потпишана првата фаза од кинеско-американскиот трговски договор.
САД во март минатата година започнаа трговска војна против Кина, повикувајќи се на правата на интелектуална сопственост и присилниот трансфер на технологија.