Övünç Kutlu
05 Декември 2019•Ажурирај: 05 Декември 2019
ВИЕНА
Состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) ќе започне денес во Виена, а на него ќе присуствуваат министрите за енергетика и нафта на 14 земји членки, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот на Заедничкиот министерски мониторинг-комитет (JMMC), составен од земјите на ОПЕК, како и од земјите произведувачи на нафта кои не се во ОПЕК, предвиден за пладне, меѓу останатото ќе се разговара и за производствените квоти.
На редовниот состанок што ќе започне со воведни обраќања, а на кој ќе присуствуваат министрите на членките на ОПЕК, би требало да се разговара за состојбата на пазарот, по што ќе биде одржана прес-конференција.
Утре ќе биде одржан седмиот состанок на земјите што не се членки на ОПЕК, а предвидено е и одржување прес-конференција.
Меѓу најважните теми што ќе ги разгледува ОПЕК, на чело со Саудиска Арабија, се истакнува продолжувањето на периодот на договорот за ограничување на снабдувањето или зголемување на ограниченото производство.
Дискутабилно е дали земјите кои не се членки на ОПЕК, на чело со Русија, ќе ја поддржат одлуката на организацијата.
Според договорот од декември 2018 година, членките на ОПЕК одлучија да го намалат глобалното производство на нафта за околу 800.000 барели нафта и не-членките за околу 400.000 барели.
Споменатиот договор во јуни е продолжен до крајот на март наредната година.