Ekipa
04 Јануари 2021•Ажурирај: 05 Јануари 2021
СРИНАГАР (АА) - Подрачјето на Сринагар, во индиската сојузна територија Џаму и Кашмир, е прекриено со снежна покривка, прва во новата 2021 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Автопатот Сринагар-Џаму, долг 270 километри, единствениот патен правец што го поврзува Кашмир со другите делови на земјата, е затворен по снежните врнежи од снег, а како што јавуваат локалните медиуми, во прекин е и воздушниот сообраќај.
Најмалку петнаесет лица се повредени во различни сообраќајни несреќи низ Џаму и Кашмир поради лизгавите патишта.
Индискиот метеоролошки завод прогнозира умерени врнежи од снег во Кашмир и обилни врнежи од снег на повисоките места. Метеоролошкиот завод издаде и предупредување за опасност од лавини на повисоките места.