Emel Gözellik
09 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
ПЕКИНГ
Националната здравствена комисија на Кина утринава соопшти дека во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починале уште две лица во таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека вирусот е потврден кај уште 63 лица, од кои 61 дошле од странство, додека две се наоѓаат во покраината Гуангдонг.
Бројот на вкупно заразени лица во Кина е зголемен на 81.865.
Во Кина од почетокот на епидемијата починаа 3.335 лица, а излекувани се 77.370.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.
Националната здравствена комисија на Кина вчера соопшти дека е забележан прв ден без смртни случаи од последиците на Ковид-19 од појавата на епидемијата во таа земја.