Ahmet Furkan Mercan
07 Јули 2025•Ажурирај: 11 Јули 2025
АНКАРА (АА) - Архипелагот Токара во Југозападна Јапонија за 16 дена го потресоа 1.592 земјотреси со различна јачина, известува Анадолу.
Според податоците од Јапонската метеоролошка агенција (JMA), архипелагот во префектурата Кагошима го потресоа голем број земјотреси во последните 16 дена.
Во период од 21 јуни до 7 јули, 1.592 земјотреси со јачина од 1 до 6 степени се случиле на подрачјето на архипелагот Токара.
Најновите земјотреси во регионот биле со јачина од 4,9 и 5,5 степени на 6 јули, а земјотрес од 5,1 степени е почувствуван на 7 јули во 12:12 часот по локално време.
Официјалната агенција Кјодо објави дека во регионот не се пријавени смртни случаи, повредени или евентуална штета.
Евакуацијата со фериботи на луѓето од архипелагот е во тек, а започна на 3 јули.
- Ризик од уривање куќи и свлечишта
Аоки Казухико, заменик-главен секретар на кабинетот, пред новинарите повтори дека се обидуваат да ги евакуираат жителите на архипелагот.
„Ризикот од уривање куќи и свлечишта се зголемува во областите каде што тресењето е силно“, рече Аоки, предупредувајќи да не се влегува во опасни подрачја освен ако не е неопходно.
Архипелагот Токара, со 160 километри површина, го потресле 346 земјотреси во септември 2023 година и 308 во декември 2021 година.
Заклучно со јуни 2025 година, приближно 670 луѓе живеат на архипелагот Токара, кој има вкупна површина од 100 квадратни километри и седум главни острови.