Atila Altuntaş
23 Септември 2018•Ажурирај: 24 Септември 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Во џамија во Стокхолм, Шведска, пронајдена е рачна бомба, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на полицијата во Стокхолм, Ана Вестберг, изјави дека во утринските часови е пронајдена експлозивна направа, прицврстена на ѕидот на џамија во Стокхолм.
Истакна дека станува збор за домашно изработена направа која е деактивирана.
Мухамед Темсамани, челникот на Здружението на исламски заедници во Шведска, изјави дека заканите упатени кон џамиите добиле вистински облик.
Тој додаде дека е одбиено барањето за поставување безбедносна камера, и покрај тоа што џамијата неколкупати била цел на напади.
„Овде треба да поставиме безбедносна камера за која ќе биде надлежна полицијата. Во спротивно, загрозена е безбедноста на десетици луѓе“, смета Темсамани.
Шведската државна телевизија СВТ соопшти дека џамијата во 2017 година 22 пати била цел на напади. Во 2018 година трипати била цел на расистички напади.