Emel Öz
29 Април 2021•Ажурирај: 30 Април 2021
АНКАРА
Според податоците собрани благодарение на сателитите, глечерите се топат побрзо од кога било претходно. Откриено е дека се губат 31 % повеќе снег и мраз годишно отколку што тоа било случај пред 15 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според трудот што го објави списанието „Натура“ (Nature), истражувачите, користејќи ги податоците што во последните 20 години се собрани од сателитот „Тера“ на НАСА, открија дека од 2015 година досега, 220.000 глечери губат повеќе од 328 милијарди тони снег и мраз годишно.
Во истражувањето се наведува дека во периодот 2015 - 2019 година, топењето на годишно ниво во однос на периодот 2000 - 2004 година е поголемо за 78 милијарди тони.
Глечерологот Ромаин Хугонет, од Федералниот технолошки институт во Цирих и Универзитетот „Тулуз“ во Франција, истакна дека покрај изгубениот волумен на водата, стапката на глобалното топење е двојно зголемена во последните 20 години.
Посочувајќи дека половината од стопените глечери потекнуваат од САД и Канада, Хугонет додаде дека стапката на топење на Алјаска е „меѓу највисоките во светот“.
Хугонет изјави дека топењето на глечерите се одразува врз глобалното зголемување на температурата.