Berk Kutay Gökmen
19 Мај 2026•Ажурирај: 19 Мај 2026
Градоначалникот на Сан Диего, Тод Глорија, беше прекинат и изложен на критики за време на вчерашната прес-конференција, одржана само неколку часа по пукањето во локалната џамија, во кое животот го загубија три лица, јавува Анадолу.
Властите соопштија дека три жртви се убиени во инцидентот што се случи претходно истиот ден во Исламскиот центар во Сан Диего, Калифорнија. Според информациите на органите на прогонот, двајцата осомничени вооружени тинејџери исто така починале како последица на раните од огнено оружје што сами си ги нанеле.
Пред обраќањето на Глорија до јавноста, една жена од присутните во публиката го обвини градоначалникот за нападот, со зборовите дека е „директна последица на неговото раководење“.
„Колку долго веќе ви се обраќаат нашите браќа и сестри муслимани? Мора веќе еднаш да ги сослушате, Тод“, извика таа.
„Ја охрабривте ционистичката пропаганда. И ќе продолжите да го правите тоа сѐ додека тоа ви ги полни проклетите џебови“, додаде жената.
На прес-конференцијата, Глорија изјави: „Во Сан Диего нема место за омразата. Нема место ниту за исламофобијата. Нападот врз кој било жител на Сан Диего е напад врз сите нас, и ние нема да го толерираме тоа“.