Ayhan Mehmet
04 Ноември 2019•Ажурирај: 05 Ноември 2019
АТИНА (АА) – Во Атина, главниот град на Грција, средношколците протестираа против промените во системот за запишување на универзитетите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Стотици ученици се собраа пред зградата на Универзитетот во Атина, и извикувајќи пароли тргнаа кон плоштадот „Синтагма“, каде што се наоѓа и зградата на Парламентот.
Безбедносните сили презедоа интензивни безбедносни мерки пред зградата на Парламентот, и со солзавец и звучни бомби одговорија на нападите од средношколците, кои нападнаа со стапови и камења.
Во настаните еден фоторепортер е лесно повреден во главата, а тројца средношколци се приведени.