Bahtiyar Abdülkerimov
24 Февруари 2022•Ажурирај: 25 Февруари 2022
МОСКВА
Два од руските цивилни товарни бродови биле подложени на ракетен напад од страна на Украинските вооружени сили во Азовското Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на прес-службата на граничната контрола на територијата Краснодар на руската Федерална служба за безбедност, се нагласува дека е извршен ракетен напад од градот Мариупол, Украина, врз два цивилни товарни брода во Азовското Море.
„На 24 февруари 2022 година, во 11:00 часот, руските цивилни товарни бродови „СГВ-Флот“ и „Серафим Саровски“ во водите на Азовското Море беа нападнати со проектили од градот Мариупол од страна на Украинските вооружени сили. Од нападот оштетен e нафтениот товарен брод „СГВ-Флот“ и избувнал пожар на бродот. Еден од членовите на екипажот е тешко повреден“, се нагласува во соопштението.
Се наведува дека пожарот на бродот е изгаснат и дека двата товарни брода продолжиле да се движат, а на местото се испратени патролни чамци за евакуација на повредено лице од екипажот.