Rania R.a. Abushamala
13 Август 2026•Ажурирано: 13 Август 2026
Две лица загинаа, а 15 се повредени во денешниот напад на Хусите со беспилотно летало врз воен камп во Источен Јемен, објави провладин телевизиски канал, пренесува Анадолу.
Телевизијата Алџумхурија објави дека нападот бил насочен кон камп на третата дивизија на владините Сили на националниот штит во областа на пустината Ал-Абр во покраината Хадрамаут.
Јеменската Влада и Силите на националниот штит засега немаат објавено соопштение во врска со нападот.
Хусите, исто така, засега не објавија коментар.