Oktaj Omeragikj
29 Јуни 2025•Ажурирај: 02 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) - Добротворна организација дистрибуираше храна до Палестинците кои имаат потешкотии во пристапот до храна поради тековната блокада и нападите на Израел врз Појасот Газа, известува Анадолу.
Голем број Палестинци дојдоа на местото за распределба на топол оброк, што се одржа во населбата Шеик Ридван во градот Газа.
Поради израелската блокада на копнените граници на Појасот Газа којашто трае повеќе од 100 дена, илјадници Палестинци се соочуваат со глад поради недостиг на храна.
Шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, претходно изјави дека израелската блокада за влез на хуманитарна помош во Газа дополнително ја продлабочила постоечката криза, а новиот систем за дистрибуција на хуман итарна помош, воведен од Израел, поддржан од САД, претставува „смртоносна замка“ што одзема повеќе животи отколку што спасува.