Şerife Çetin
07 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) ја одобри новата регулатива со која се обезбедува високо ниво на заштита на поткажувачите од кои ќе протекуваат информации за нивните институции или компании, пренесува Anadolu Agency (AA).
Советот на ЕУ соопшти дека ја одобрил новата регулатива што ќе обезбеди воспоставување безбедни канали за поткажувачите.
Според новата регулатива, заштита на високо ниво ќе биде обезбедена на поткажувачите во многу сектори, како што се финансиите и здравството.
Новата регулатива предвидува создавање безбедни канали за поткажувачите да споделуваат информации од јавниот или приватниот сектор, а исто така поткажувачите ќе бидат заштитени од одмазда.
Исто така, регулативата ќе го спречи разрешувањето на поткажувачите и реализирањето заплашувачки активности против нив.
Новата регулатива што ќе важи во сите земји на ЕУ, ќе стапи во сила во 2021 година.