26 Октомври 2021•Ажурирај: 27 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси синоќа ја укина вондредна состојба во Египет за прв пат во последните неколку години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Одлучив за прв пат по неколку години да го откажам продолжувањето на вонредната состојба низ целата земја“, напиша Ал Сиси на Фејсбук.
„Мило ми е што заедно го споделуваме моментот што долго време го баравме со борба и напорна работа. Египет стана, благодарение на својот голем народ и лојални луѓе, оаза на безбедноста и стабилноста во регионот“, рече тој.
На 10 април 2017 година, египетскиот Парламент одобри прогласување вонредна состојба во траење од три месеци за да се „спротивстави на опасностите од тероризмот“ како одговор на бомбашките напади врз две цркви на северот на земјата, при што загинаа најмалку 45 лица. ДЕАШ ја презеде одговорноста за нападите.
Во рамките на вонредната состојба, која постојано се обновуваше во согласност со Уставот, египетските власти имаа право да евакуираат области, да воведат полициски час, да преземаат строги безбедносни мерки и да ги казнат прекршителите со затвор.