Ömer Koparan
07 Јули 2026•Ажурирано: 07 Јули 2026
Во близина на зградата на Министерството за туризам во главниот град на Сирија, Дамаск, се случиле две експлозии, јавува Анадолу.
Според информациите добиени од локални извори, на една од најпрометните улици во главниот град Дамаск експлодирале бомба поставена во минибус и бомба поставена во контејнер за отпад.
На местото на настанот се испратени голем број амбулантни возила, додека од официјалните власти сѐ уште нема соопштение дали има жртви.
Се наведува дека експлозијата се случила на локација во близина на хотелот во кој престојува францускиот претседател Емануел Макрон, кој е во посета на Дамаск.
Во моментот на експлозијата, Макрон бил во Претседателската палата на средба со сирискиот претседател Ахмед Шара.
На 2 јули беше извршен бомбашки терористички напад во кафуле покрај Палатата на правдата, на патот што води кон чаршијата Хамидија во Дамаск, при што загинаа 10 лица, а 21 беа повредени.