Mahmut Atanur
13 Февруари 2020•Ажурирај: 14 Февруари 2020
ЏАКАРТА (АА) - Еруптираше вулканот Мерапи на индонезискиот остров Јава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави весникот „Темпо“ („Tempo“), утрово, во 05:16 часот по локално време, еруптирал вулканот Мерапи во градот Џогџакарта. Ерупцијата траела 150 секунди.
Властите соопштија дека пепелта и чадот, што од кратерот ги исфрлал вулканот Мерапи, достигнале висина од 2.000 метри.
Центарот за вулканологија и намалување на геолошките непогоди (PVMBG) информираше дека состојбата е подигната на второ ниво (Waspada), со што се предупредуваат туристите и локалното население да не преземаат никакви активности во подрачјето до 3 километри од вулканот.
Во 2010 година од ерупцијата на вулканот Мерапи, висок 2.968 метри, и исфрлената лава животот го загубија 347 лица.
Индонезија, која се наоѓа во земјотресниот и вулкански појас наречен „Пацифички огнен прстен“, има 130 активни вулкани.