Gökhan Kavak
06 Декември 2021•Ажурирај: 07 Декември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Владата на Етиопија истакна дека членовите на Народноослободителниот фронт Тиграј (ТПЛФ) масакрирале стотици цивили во регионот Амхара, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот без ресор, Селамавит Каса, истакна дека членовите на ТМЛФ им наштетиле на стотици невини луѓе во регионите Гашена и Антсокија Гемза.
Според Каса, членовите на ТПЛФ откако ја зазеле областа, масакрирале стотици цивили.
Истакнувајќи дека ТПЛФ уништил јавни имоти и уништил туристички објекти во регионите Амхара и Афар, Каса рече дека меѓу оштетените места се и верски, културни и туристички објекти.
Меѓу другото, соопштено е дека членовите на ТПЛФ денеска го оштетиле аеродромот во историскиот град Лалибела на северот на земјата.
Армијата, која се бореше против ТПЛФ повеќе од една година, прогласи вонредна состојба низ целата земја откако бунтовниците напредуваа кон главниот град.
Етиопската армија ги зголеми воздушните напади во последните недели, а премиерот Абиј Ахмед по напредувањето на бунтовниците отиде на фронтот.
„Војната е завршена“, рече Ахмед по средбата со високите команданти на Армијата.
На 1 декември, Владата соопшти дека повторно освоила 17 градови во провинциите Амхара и Афар по нејзината офанзива против бунтовниците.