Diyar Güldoğan
07 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
БРИСЕЛ (АА) - Признавајќи ја турската загриженост во врска со безбедноста, Европската Унија (ЕУ) денес го повтори својот став дека по воен пат не може да се постигне никакво решение за сирискиот конфликт, јавува Anadolu Agency (AA).
„Може да потврдиме дека признавајќи ги легитимната безбедносна загриженост на Турција, Европската Унија од самиот почеток велеше дека преку воени средства не може да се постигне никакво одржливо решение за сирискиот конфликт, туку е потребна вистинска политичка транзиција“, изјави портпаролката на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Маја Коцијанчиќ.
Таа се огласи откако турските официјални претставници ја најавија операцијата во северниот дел на Сирија со цел осигурување на турската безбедност преку расчистување на регионот од терористите.
Коцијанчиќ изјави дека ЕУ останува посветена на единството, суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.
„Ние ги повикавме и продолжуваме да ги повикуваме гарантите од (процесот) Астана, во кои спаѓа Турција, да се обезбеди прекин на непријателствата, заштита на цивилите и непречен безбеден и одржлив хуманитарен пристап низ Сирија“, додаде таа.
Уште од 2016 година, турските операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ во северозападна Сирија го ослободија регионот од терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, овозможувајќи им на Сиријците кои ја напуштија земјата поради насилствата, да се вратат во своите домови.