Ekipa
31 Март 2019•Ажурирај: 01 Април 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) помогна да се спасат речиси 730.000 бегалци во акциите на Медитеранот од 2015 година, истакна Димитрис Аврамопулос, европскиот комесар за миграции, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писмото на Аврамопулос упатено до Европскиот парламент, спасувањето на човечки животи и понатаму останува приоритет за ЕУ и за нејзините земји членки.
Тој нагласува дека невладините организации одиграле клучна улога во спасувањето на мигрантите во Средоземното Море, и дека поради тоа не би требало кривично да бидат гонети.
Аврамопулос потенцира дека сите мора да го почитуваат меѓународното право кога учествуваат во спасувачките акции и дека не смеат да придонесуваат кон илегалната трговија со луѓе и криумчарење на луѓе.