Gizem Nisa Çebi Demir
11 Мај 2026•Ажурирај: 11 Мај 2026
Израелската армија објави дека загинал главен наредник за време на борбените операции во близина на границата со Либан, објави рано утринава „Ашарк њуз“, пренесува Анадолу.
Армијата соопшти дека војникот бил убиен во напад со беспилотно летало вчера во северниот дел на Израел.
Во соопштението, армијата го идентификуваше војникот како 47-годишниот главен наредник Александар Гловањов и наведе дека загинал кога групата Хезболах лансирала повеќе беспилотни летала полни со експлозив кон област во близина на либанската граница, пренесуваат неколку израелски медиуми.
Израелската армија продолжува да спроведува секојдневни напади врз Либан и да разменува оган со Хезболах и покрај прекинот на огнот што е на сила од 17 април, кој подоцна беше продолжен до средината на мај.
Во нападите на Израел врз Либан од 2 март, набрзо по почетокот на војната со Иран кон крајот на февруари, загинаа 2.846 лица, 8.693 се повредени и повеќе од еден милион се раселени.
Израел, исто така, одржува таканаречена „тампон зона“ на либанска територија.
САД се подготвуваат да бидат домаќини на мировните преговори меѓу двете земји на 14 и 15 мај во Вашингтон.