Ömer Faruk Yıldız
16 Август 2021•Ажурирај: 19 Август 2021
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Вулканот Мерапи во Индонезија, што се наоѓа на густо населениот остров Јава, еруптираше, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вулканот Мерапи еруптираше и исфрли лава денес во утринските часови по локално време, соопштено е од Технолошкиот и истражувачки центар за геолошки катастрофи (BPPTKG).
Пепелта падна на 11 села во регионот по ерупцијата.
Вулканот Мерапи последен пат еруптираше на 10 август оваа година.
Вулканот на височина од 2.968 метри се наоѓа на густо населениот остров Јава во близина на древниот град Јогјуакарта. Тој е најактивниот од десетиците индонезиски вулкани, а неодамна еруптираше неколку пати.
Во ерупцијата на вулканот во 2010 година загинаа 347 лица.