Muhammet Kurşun
08 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
ТЕХЕРАН
Во пад на авион на „Украина ерлајнс“ од типот „Boeing 737“ во Техеран загинаа 176 патници и членови на екипажот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на Агенцијата за итна помош на Иран, Пир Хусеин Куливанд, соопштил дека никој од лицата што се наоѓале во авионот не го преживеале падот на авионот на летот „PS-752“, јави иранската државна телевизија.
Куливанд изјавил дека телата на настраданите ќе бидат пренесени во одделот за форензика.
Али Кашани, портпаролот на аеродромот „Имам Хомеини“ во Техеран, информираше дека во авионот се наоѓале 167 патници и 9 членови на екипажот.
Авионот „Boeing 737“, кој од аеродромот „Имам Хомеини“ полета кон Киев, поради технички проблем се урна во 6:18 часот по локално време.