Fatjon Prronı
24 Август 2016•Ажурирано: 24 Август 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку 21 лице го загуби животот по земјотресот со магнитуда 6,2 кој утринава ја погоди централна Италија, известуваат италијанските медуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Италијанската новинска агенција АНСА наведува дека шест лица загинале во селото Ачомули во покраината Лацио, во близина на епицентарот на потресот. Пет смртни случаеви се забележани во истата покраина во местото Аматриче, додека десет лица загинаа во градчето Пескара дел Тронто во покраина Марче.
Земјотресот се случи во 3:36 часот утринава по локално време, а притоа следеа повеќе мали потреси. Официјалните лица стравуваат дека бројот на жртвите ќе се зголеми, бидејќи многу лица се заробени под урнатините.
Претходно во Геолошкиот завод на САД објави дека регистрирал потрес со магнитуда 6,2 на длабочина од десет километри југоисточно од Норсија, град и општина во покраината Перуџа во централна Италија.
Централниот регион на Апенинскиот полуостров низ историјата доживеа неколку озбилни земјотреси. Во еден таков потрес со магнитуда од 6,3 кој се случи во 2009 година кај градот Л’Аквила загинаа најмалку 295 лица, повредени се повеќе од илјада, а 55,000 лица остана без кров над глава.