Aida Cako
23 Септември 2025•Ажурирај: 24 Септември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Групата „Свештеници против геноцид“, составена од католички свештеници кои протестираат против израелските напади врз Газа, се собраа во Рим со молитва за крај на масакрот врз палестинскиот народ.
Групата, која неодамна беше формирана во Италија и веќе брои над 1.200 свештеници од 34 земји, првично се собра во црквата „Сант Андреа ал Квиринале“ вчера.
Таму, свештениците се молеа за крај на геноцидот во Газа и за мир. Потоа маршираа до италијанскиот Дом на пратеници, а потоа и до црквата Каравита.
Со транспаренти на кои пишуваше „За мир без оружје“, „Мир за Газа“ и „Стоп за бомбите“, тие застануваа пред Комората и на повеќе точки низ центарот на Рим, каде што пееја црковни песни и се молеа за мир во Газа.
Маршот заврши со миса и говори во црквата „Каравита“.
Според последниот извештај на истражителите на Обединетите нации, Израел извршува геноцид во Газа, каде од октомври 2023 година досега животот го загубиле над 65.300 лица.