Handan Kazancı
21 Март 2021•Ажурирај: 22 Март 2021
БАГДАД (АА) - Коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави (САД) уништи 85 позиции на ДЕАШ во 133 напади во последните 10 дена, соопшти ирачкото Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството истакнува дека уништени се 61 засолниште и 24 пештери користени од терористите на ДЕАШ, и дека за време на операцијата терористите се неутрализирани.
Во 2017 година, Ирак прогласи победа над ДЕАШ со враќање на целата своја територија, околу една третина од вкупната површина на земјата, која беше окупирана од терористичката организација во 2014 година.
Но, терористичката организација сè уште има притаени ќелии во големи области на Ирак кои периодично изведуваат напади.
Ирачката армија продолжува со спроведувањето чести операции против терористичката организација во одредени делови на земјата.