Muhammed Semiz
09 Јануари 2021•Ажурирај: 10 Јануари 2021
ТРИПОЛИ
Откриена е уште една масовна гробница во либискиот град Тархуна, кој во јуни 2020 година од страна на либиската Војска беше ослободен од милициите на лидерот на илегалните вооружени сили во источниот дел на земјата, Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лутфи Тевфик, директор на Институцијата за пребарување и откривање изгубени лица при либиската Влада, во изјава за новинарот на АА истакна дека откриле нова масовна гробница во руралното подрачје на Рабит во градот Тархуна.
Тевфик нагласи дека тимовите за пребарување продолжуваат со извлекување на остатоците од безживотните тела од оваа масовна гробница.
Тој не даде информации во врска со бројот на безживотните тела.
Инаку, во рамки на операцијата „Бура на мирот“, започната на 25 март во 2020 година, либиската Војска на 3 јуни ја презеде контролата врз сите административни граници на Триполи, а на 5 јуни и во градот Тархуна.
По ослободувањето на Тархуна, либиските власти открија голем број масовни гробници во градот и околината.