Ayhan Şimşek
02 Октомври 2024•Ажурирај: 03 Октомври 2024
БЕРЛИН (АА) - Моделот на раст на Европската Унија (ЕУ) е под закана поради глобалните промени, предупреди денес францускиот претседател Емануел Макрон, јавува Анадолу.
Долги години моделот на раст на ЕУ се засноваше на евтината енергија од Русија, извозот во Кина и одбранбениот чадор од Соединетите Американски Држави (САД), рече Макрон во својот говор на конференцијата „Берлински глобален дијалог“.
„Сега сè е изместено. Кина е над капацитетите и е јасно конкурентно место, така што не е посигурно место за нашиот извоз. Војната на Русија против Украина 'ја уби' евтината енергија и 'ја уби' нашата конкурентност денес“, рече тој.
Макрон предупреди дека земјите членки на ЕУ заостануваат зад САД и Кина во клучните сектори како вештачката интелигенција, електричните автомобили и одбранбените технологии, поради големите регулативи и недоволното инвестирање во иновации.
„Кога ќе ги погледнете бројките, ние не инвестираме доволно. Мораме да инвестираме многу повеќе европски пари во овие клучни сектори за да ја изградиме нашата отпорност, нашата стратешка автономија и оваа агенда за иновации. Сегашниот буџет не е доволен“, рече тој.
Макрон, исто така, нагласи дека се согласува со главните наоди од неодамнешниот извештај на поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги, за економските слабости на ЕУ.
„Мислам дека треба да се фокусираме и јасно да поитаме да ја реализираме оваа агенда. Затоа што ова е прашање на време. Мора да бидеме многу ефикасни ако сакаме да имаме јасно ефикасна Европа способна да испорача поголем раст, за подготовка на иднината, и инвестирање во клучните столбови што ги споменав и зачувување на нејзиниот социјален модел“, порача францускиот претседател.