Ayhan Şimşek
14 Септември 2026•Ажурирано: 14 Септември 2026
Германија ќе нарача четврт нов брод за извидување за својата морнарица, изјави денес министерот за одбрана Борис Писториус, за време на церемонијата на поставување на кобилицата за третиот брод од иста класа во балтичкото пристаниште Волгаст, пренесува Анадолу.
Предлог-буџетот за дополнителниот брод е доставен до Парламентот на одобрување, рече тој во бродоградилиштето на Рајнметал, објавија германските медиуми.
Писториус истакна дека овие бродови може да детектираат сигнали и звуци што не можат другите пловни објекти. Тој ги опиша како клучни алатки за создавање појасна слика за состојбата на море, додавајќи дека тие собираат и анализираат широк спектар на поморски сигнали.
Германските власти подолго време тврдат дека на морнарицата ѝ се потребни подобри средства за надзор на Балтичкото Море, каде што се оштетени подводни кабли и енергетски конекции, а руските воени активности се зголемени по почетокот на војната во Украина во 2022 година.