Ekipa
19 Ноември 2017•Ажурирај: 20 Ноември 2017
ЗАМБОАНГА (АА) - Различни групи кои се борат за правата на жените на Филипините се приклучија на кампањата против насилството врз жените (VAW), која ќе се одржи од 25 ноемврии до 12 декември, јавува Anadolu Agency (AA).
Кампањата е креирана за да ја подигне свеста за тоа дека спречувањето на насилството врз жените и девојките е национално прашање ширум светот.
Оваа кампања се фокусира на превенцијата со цел да се намали бројот на случаи на насилство врз жените и девојките.
Шефицата на Комисијата за правата на жените, Родора Баки, изјави дека кампањата ќе започне на 24 ноември со активностите на Филипинската образовна театарска асоцијација во Кезон.
„Осумнаесетдневната кампања за ставање крај на насилството врз жените ќе ја истакне ситуацијата во оваа област во земјата, а исто така ќе ја нагласи стратегијата на меѓуагенцискиот совет за спречување на насилството врз жените и децата“, рече Баки.
Како што очекуваат организаторите, кампањата ќе им помогне на луѓето да се справат со проблемот со насилството врз жените од аголот на жртвата.
„Се надеваме дека таквото подлабоко разбирање би можело да изгради емпатија меѓу засегнатите страни со цел спречување или затворање на тишината во врска со насилството врз жените“, додаде Баки.
Според официјалните податоци објавени од филипинските институции, 20 проценти од жените на возраст од 15 до 49 години доживеале физичко насилство.