Mustafa Melih Ahıshalı
17 Февруари 2021•Ажурирај: 18 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Се тврди дека иранскиот потпретседател Мухамед Нехавендијан имал неформални средби со одредени дипломати блиски до администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Веб-страницата „zeitoons“, позната по својата блискост со реформаторите, тврди дека ирански тим под надзор на потпретседателот Нехавендијан се состанал за разговори со одредени имиња за кои се знае дека се блиски до американскиот претседател Бајден.
Се наведува дека разговорите се спроведуваат преку пријатели и блиски на Нехавендијан од времето на неговото универзитетско образование во САД.
Меѓу другото, се тврди дека разговорите се водени со инструкции на претседателот Хасан Рохани и дека е постигнат напредок.
Исто така се додава дека министерот за надворешни работи, Мухамед Џевад Зариф, во однос на разговорите добивал само општи информации и дека бил против разговорите.
Во веста на веб-страницата, исто така, се наведува дека Зариф е близок до врховниот лидер на земјата, Али Хамнеи, и дека тоа е причината што не добива детални информации за текот на разговорите.
Од друга страна, некои експерти наведуваат дека не е можно да се водат разговори независно од Хамнеи и без знаење на Зариф.
Разговорите се сметаат за прелиминарна подготовка за преговорите што треба да ги одржи Зариф.