Zehra Ulucak
25 Август 2017•Ажурирај: 25 Август 2017
ЈАНГОН (АА) - Во напади врз полицијата и врз граничните полициски станици во Мјанмар, животот го загубија 8 полицајци и еден службеник за имиграции, како и 16 напаѓачи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од локалната полиција, извршени се истовремени напади врз 26 полициски станици.
Министерот за надворешни работи на Мјанмар и одговорен министер во Владата, Аунг Сан Суу Чии, преку официјалниот профил на неговиот кабинет на социјалните мрежи објави соопштение во коешто се наведува дека во нападот животот го загубиле осуммина полицајци и еден службеник за имиграции.
Во соопштението се вели дека смртно настрадале и 16 напаѓачи.
Интересен е фактот што соопштението од кабинетот на Суу Чии е објавено во исто време со објавата на извештајот за Аракан, кој беше подготвен од комисија предводена од поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан.
По нападите што во октомври минатата година беа извршени врз полициски контролни точки во државата Аракан, кога животот го загубија 9 полицајци, армијата на Мјанмар започна операции во коишто малцинското муслиманско население стана жртва на голем бран насилства. Поради операциите на мјанмарската војска, повеќе од 90.000 аракански муслимани беа принудени да ја напуштат земјата. Претставниците на малцинството Рохинга соопштуваат дека од започнувањето на операциите досега, животот го загубиле најмалку 400 лица.
Со цел да ги обелодени случувањата во подрачјето, ОН формираше сопствена комисија којашто ќе ја истражи ситуацијата на теренот, но Владата на Мјанмар го спречи пристапот на членовите на комисијата до местото на случувањата.
Вчера на јавноста ѝ беше претставен извештајот со препораки до мјанмарската Влада, подготвен од Советодавна комисија за Аракан предводена од Кофи Анан, формирана со поддршка на Суу Чии.