Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout
13 Септември 2022•Ажурирај: 14 Септември 2022
ЕРУСАЛИМ (АА) - Началникот на Aрмијата на Мароко, генерал-полковник Белхир eл-Фарук, денес ја започна официјалната посета на Израел по повод воената конференција во Тел Авив, јавува Агенција Анадолија (АА).
На Ел-Фарук му беше приреден официјален прием по неговото пристигнување и беше пречекан од началникот на израелската Армија, Авив Кочави.
Ел-Фарук ќе учествува на Меѓународната конференција за оперативни иновации на израелската Армија заедно со воените лидери од други земји.
Мароканската Армија го потврди учеството на Ел-Фарук на конференцијата, што се одржува од 12 до 15 септември.
„Тоа ќе ги постави основите за цврста соработка на полето на повеќедимензионалната одбрана и воената обнова“, се вели во соопштението на Армијата.
Минатата недела израелската Армија соопшти дека на конференцијата ќе учествуваат десетици воени лидери, вклучително и од арапски земји.
Израел и Мароко во 2020 година најавија обновување на билатералните дипломатски односи, по нивниот прекин во 2000 година.