Gökhan Kavak
02 Април 2024•Ажурирај: 03 Април 2024
НАЈРОБИ (АА) - Најмалку 10 лица загинаа во верижен судир во Кенија, пренесува Анадолу.
Сообраќајната несреќа во која учествувале повеќе возила се случила на автопатот Најроби - Момбаса, објавија националните медиуми.
Според прелиминарните информации, во несреќата смртно настрадале 10 лица, меѓу кои и едно двегодишно дете.
Според статистиката на кениската полиција, секоја година во оваа земја во сообраќајни несреќи животот го губат 3.500 луѓе.