Ahmed Asmar
25 Март 2025•Ажурирај: 26 Март 2025
АНКАРА (АА) - Најмалку четири лица се убиени во израелското гранатирање во западната провинција Дара во јужниот дел на Сирија денес, соопштија локалните власти, јавува Анадолу.
Во соопштението од Канцеларијата на гувернерот на Дара се наведува дека неколку лица, меѓу кои и една жена, биле ранети кога израелските сили извршиле упад во градот Која во западниот дел на провинцијата, проследен со артилериски напад.
„Нападот предизвика паника меѓу граѓаните, додека израелските извидувачки авиони летаа над областа“, се вели во соопштението.
Минатата недела, израелските воени авиони извршија неколку воздушни напади во Дара, при што се убиени најмалку четири лица, а 19 беа ранети, вклучувајќи жени и деца.
По падот на режимот на Башар ал-Асад, Израел ја прошири својата окупација на Голанската Висорамнина, заземајќи ја демилитаризираната тампон-зона, што претставува кршење на Договорот за разоружување од 1974 година.
Асад, кој беше лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, со што беше ставен крај на режимот на партијата Бас, која беше на власт од 1963 година.
Ахмед ал-Шара, кој ги предводеше антирежимските сили во соборувањето на Асад, беше прогласен за претседател во транзицискиот период кон крајот на јануари.