Mustafa Deveci
07 Октомври 2018•Ажурирај: 08 Октомври 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека наскоро ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Нетанјаху, на денешната седница на израелската Влада изјави дека телефонски разговарал со Путин и дека договориле скорешна средба на која ќе разговараат за продолжение на координацијата на активностите на израелските и руските сили во регионот.
Не откривајќи го датумот на претстојниот состанок со Путин, Нетанјаху, исто така изјави дека Израел ќе стори сѐ што е неопходно за да го спречи военото присуство на Иран во Сирија.
Состанокот на Нетанјаху и Путин ќе биде прв по минатомесечното соборување на рускиот авион и загинувањето на 15-те војници во Сирија.
Рускиот авион „Il-20“ беше соборен на 17 септември со проектилите на сирискиот противвоздушен систам „С-200“. Москва за инцидентот ги обвини израелските воздушни сили, чии авиони „Ф-16“ во тие моменти извршувале акции во Сирија и како заштита го користеле руското летaло.
Израел ги отфрла обвиненијата и за инцидентот ги обвинува силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Руските медиуми јавија дека израелскиот премиер Нетанјаху планирал да ја посети Москва и да разговара за овој случај, но дека Кремљ го одбил тоа барање.