Riyaz Khaliq Khaliq
23 Март 2023•Ажурирај: 27 Март 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Поплавите донесоа илјадници јагули на земјоделско земјиште во Нов Зеланд, каде што се во опасност да умрат, јавува Анадолија.
„Ниту едно суштество не заслужува да умре вака“, рече Тим Сансон, сопственик на обработливото земјиште на кое беа исфрлени јагулите.
Обработливото земјиште се наоѓа во областа Селвин во близина на езерото Елесмер во регионот Кантербери на Јужниот Остров во земјата, јавува Радио Нов Зеланд.
Јагулите, кои се риби со перки, беа исфрлени на брегот од поплавите и сега се расфрлени низ имотот на Сансон.
„Јагулите го користат потокот на мојот имот за да се размножуваат“, рече Сансон.
Тој е вознемирен што ги гледа јагулите како се прпелкаат на сега сувата земја.