Mustafa Deveci
09 Февруари 2024•Ажурирај: 10 Февруари 2024
АНКАРА (АА) - Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) објави дека 650.000 лица останале без покрив над глава во Појасот Газа поради израелските напади кои продолжуваат од 7 октомври 2023 година досега, пренесува Анадолу.
„Во Газа, на 100.000 раселени семејства им треба зимско засолниште“, се вели во извештајот, во кој се забележува дека поради нападите на Израел насочени кон домовите во Газа, во подрачјето се создадени 12.000 тони урнатини што треба да се исчистат.
„Над 650.000 лица немаат домови во кои може да се вратат. Многу луѓе не можат да се вратат во своите домови поради оштетување на инфраструктурата и опасности создадени од остатоци од експлозив“, се наведува во извештајот.
Поради израелските напади, 1,9 милиони луѓе се насилно раселени во Појасот Газа каде живеат околу 2,3 милиони Палестинци. Повеќето од раселените Палестинци се засолниле во регионот Рафа јужно од Газа и за кој во последните денови Израел дава сигнали за почеток на напади.
Палестински извори објавија дека 70.000 домови се целосно уништени, додека други 290.000 се делумно оштетени или неупотребливи во Појасот Газа, што израелската Армија го држи под нејзините копнени, воздушни и морски напади.