Mustafa Deveci
26 Ноември 2017•Ажурирај: 27 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Пакистанската војска ѝ соопшти на владата дека ќе ѝ обезбеди условна поддршка против демострантите кои протестираат против измената на изборниот закон. Премиерот Шахид Хакан Абаси и командантот на копнените сили на Пакистан Џавид Бажва прават проценка на ситуацијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Изминатиот месец пакистанскиот Парламент изврши измена на изборниот закон, на што се противставија голем број граѓаните, воглавно членови на движењето "Lebbey Ya Resullullah", чии протести се во тек. Демонстрациите се спроведуваат на патот кој ги поврзува градовите Исламабад и Равалпинди.
Полицијата постави безбедносен кордон против демонстрантите кои уште од утринските часови започнаа со обновување на својот протест.

Протестантите бараат оставка на министерот за правда, Захид Хамид.
Во судирите кои вчера избувнаа меѓу демострантите и безбедносните сили починаа 6 лица од кои 1 полицаец, а повеќе од 250 лица беа повредени.
Владата, со цел да не дојде до зголемување на настаните, ја повика војската да ѝ помогне на полицијата.
Во врска со настанот, пакистанската војска објави соопштение во ное наведува дека е подготвена да ја исполни својата уставна обврска, но истакнува дека пред тоа е потребно владата да разгледа некои прашања. Во соопштението на војската се истакнува дека владата не го искористила полниот капацитет на полицијата.

По соопштението кое го објави војската, се сретнаа премиерот Абаси и командантот на копнените сили на Пакистан, Бажва.
Пакистанската војска вчера во врска со реакцијата на полицијата врз демонстрантите предложи да се завршат демонстрациите без да дојде до некои поголеми инциденти, истакнувајќи дека и двете страни треба да го избегнуваат насилството.
- Дискусија за движењето Ахмадија
Минатиот месец извршени се измени во изборниот законик, со кои во образците кои ги потполнуваат кандидатите за пратеници на Пакистан, наместо реченицата „Се колнам дека Мухамед е последниот божји пратеник” извршена е измената „Верувам дека Мухамед е последниот божји пратеник”.
Законската измена, според тврдењата на движењето „Lebbeyk Ya Resullullah" и направена со цел на изборите да се кандидираат и членовите од движењето Ахмадија, по што некои заедници во Пакистан, на 8 ноември го започнаа својот протест.
Според движењето Ахмадија, основано на крајот од 19 век (1889 година), Мухамед не е последниот божји пратеник. Се смета дека стариот изборен законик е пречка за активно учество на членовите на движењето Ахмадија во политиката на Пакистан.
Владата од своја страна изјави дека изборниот законик не е изменет со цел членовите на движењето Ахмадија да земат учество во политиката на Пакистан, туку дека причина за проблемот е поради грешка во изразувањето.