Riyaz Khaliq Khaliq
18 Мај 2024•Ажурирај: 20 Мај 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина го истражува министерот за земјоделие поради сомневање за извршување сериозно кршење на дициплината и законите, објавија државните медиуми денес, пренесува Анадолу.
„Танг Ренџиан (61), кој е надлежен и за руралните подрачја, во моментов е под дициплинска ревизија и истрага на Комунистичката партија на Кина“, објави пекингшкиот весникот „Global Times“.
Централната комисија за дициплинска инспекција и Националната надзорна комисија на партијата спроведуваат истрага за Танг под сомнение дека извршил тешки кршења на дициплината и законите.
Не се објавени повеќе детали.
Танг претходно беше гувернер на северно-централната провинција Гансу.