Dildar Baykan
01 Јуни 2019•Ажурирај: 03 Јуни 2019
ВИРЏИНИЈА БИЧ
Познат е идентитетот на напаѓачот кој во зградата на Општината на градот Вирџинија Бич во САД, во петокот уби 12 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Напаѓачот е идентификуван како Девајнеа Крадока. Идентификувани се и жртвите од вооружениот напад, кој се случил во попладневните часови кога напаѓачот влегол во зградата на општинскиот центар на Вирџинија Бич и почнал да пука наоколу.
Станува збор за долгогодишен вработен во јавните комунални претпријатија. Уште четири лица се ранети од напаѓачот, вклучувајќи и полицаец, кој се спасил благодарение на заштитниот елек што го носел. Напаѓачот е убиен во престрелката со полицијата
На местото на настанот е пронајден и револвер калибар 45 со проширен шаржер и пригушувач.
Првично американските медиуми објавија дека вработено лице во Општината на Вирџинија Бич, вчера во попладневните часови влегло во општинската зграда и започнало да пука наоколу.
Џејмс Сервера, шефот на полицијата, во изјавата за новинарите информираше дека во нападот се убиени 12 лица, а 4 се ранети.
Сервера соопшти дека по долга престрелка, полицијата успеала да го усмрти напаѓачот.
Гувернерот на Вирџинија Бич, Боби Даер, во врска со настанот го изјави следното „Овој настан е најкастрофален ден во историјата на Вирџинија Бич.“
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп е информиран за настанот и го следи одблизу.