Büşra Nur Bilgiç
26 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, ќе се соочи со примарен предизвик пред изборите наесен 2020 година, и тоа од поранешниот конгресмен и поранешен законодавец Џон Волш, пренесува Anadolu Agency (AA).
Соопштувајќи ја кандидатурата на американскиот телевизиски канал „Еј-би-си“ (ABC), Џо Волш, поранешниот конгресмен од Републиканската партија за сојузната држава Илиноис, го обвини Трамп за некомпетентност, додавајќи дека тој „во суштина лаже секој пат кога ќе ја отвори устата“ и „поттикнува нетрпеливост“.
„Пријатели, јас влегувам. Не можеме да поднесеме уште четири години со Доналд Трамп. И тоа е причината зошто се кандидирам за претседател“, напиша Волш на Твитер.
Слоганот на кампањата на Волш е „Биди храбар“.
По еден мандат во Конгресот во периодот 2011-2013 година, Волш стана водител на конзервативно радио ток-шоу.
Повеќето политички аналитичари велат дека Волш има мали шанси против Трамп, кој пак ја ужива поддршката на околу 80 отсто од републиканците во САД.
Во април, поранешниот гувернер на сојузната држава Масачусетс, Бил Велд, ја објави својата кандидатура како ривал на Трамп, но досега доби мала поддршка.
Следните претседателски избори во Соединетите Американски Држави (САД) се закажани за 3 ноември 2020 година.