Kasım İleri
29 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Посмртните останки на Ебу Бекр ал Багдади, водачот на терористичката организација ДЕАШ кој викендов беше убиен од страна на американските сили, Соединетите Американски Држави (САД) ги погребале во море, јавува Anadolu Agency (AA).
По успешната операција на единиците на Американската војска и префрлувањето на остатоците од телото на водачот на ДЕАШ во една американска база за извршување на ДНК-тест, во јавноста се јави интерес за остатоците од неговото тело.
На оваа тема со новинарот на АА разговараше претставник на американската одбрана под услов на анонимност. Во разговорот тој истакнува дека телото на водачот на ДЕАШ е погребано во море.
Американскиот претставник истакна дека нема да сподели информации во врска со местото на погребувањето на телото и начинот на кој тоа е спроведено.
- Мили изјави дека е уништен во согласност со воените закони -
На прашањето дали телото на Багдади ќе биде погребано или не, началникот на американскиот Генералштаб, Марк Мили, имаше изјавено дека остатоците од телото се уништени во согласност со воените закони.
Терористичкиот водач Багдади беше убиен од страна на американските специјални сили, кои со 8 хеликоптери изведоа операција северно од Идлиб.
Американскиот претседател Доналд Трамп, имаше изјавено дека Багдади за време на операцијата влегол во еден од трите тунели што се наоѓале под куќата, и по активирањето на самоубиствениот елек што го носел на себе починал заедно со своите три деца.