Ali Cura
31 Март 2019•Ажурирај: 01 Април 2019
КИЕВ (АА) - Во Украина започна гласањето на претседателските избори на кои учествуваат 39 кандидати, јавува Anadolu Agency (AA).
За изборот на новиот претседател на Украина, во 199 изборни подрачја поставени се 29.888 избирачки кутии. Изборите во Украина започнаа во 8:00 часот по локално време.
На овие избори своето право на глас ќе можат да го искористат 29.767.000 гласачи. Нема да бидат во можност да гласаат околу 5 милиони избирачи кои живеат во подрачјето на Донбас и Крим, кој е нелегално анектиран од страна на Русија.
На овие претседателски избори учествуваат 39 кандидати. Доколку ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, тогаш двајцата кандидати со најголем број освоени гласови ќе учествуваат во вториот круг закажан за 21 април.
И актуелниот претседател Петро Порошенко е кандидат на овие избори. Покрај него, меѓу имињата што учествуваат на претседателските избри во Украина се истакнуваат артистот комичар Владимир Зеленски и поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко.
Централната изборна комисија на Украина соопшти дека изборите во земјата ја следат 2.344 странски набљудувачи од 17 земји и 19 мегународни организации.