Abdullah Aşıran,Selman Aksünger
08 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
АМСТЕРДАМ (AA) - Во главниот град на Холандија, Амстердам, во текот на протестната поворка, приведени се 90 демонстранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Амстердам во организација на Движењето Бунт против изумирањето" (Extinction Rebellion) одржани се протести со цел борба против климатските промени.
Стотици демонстранти ги окупираа патиштата во главната улица пред Државниот музеј.
Полицијата првин ги предупреди демонстрантите да „ја завршат окупацијата", а откако собраните тоа не го направија приведени се 90 лица.
Демонстрантите кои од раните утрински часови почнаа да се собираат на улиците апелираа на холандската влада да делува поефикасно во борбата против климатските промени.
Протестите во текот на целиот ден предизвикаа пореметувања во градскиот сообраќај.