АНКАРА (АА) - По одлуката на израелската Влада да ја прошири својата воена операција врз градот Газа, сместен во севернито дел на палестинската енклава, голем број земји реагираа кон оваа одлука на Израел, известува Анадолу.
Во реакциите се истакнува дека ваквиот план нанесува тежок удар врз меѓународниот мир и безбедност, ја зголемува регионалната нестабилност и дополнително ја продлабочува хуманитарната криза, и дека мир во регионот може да се постигне само преку воспоставување решение за две држави.
Шведската министерка за надворешни работи, Марија Малмер Штенергард, изјави дека одлуката на израелската Влада за понатамошно ескалирање на нападите во Газа го крши меѓународното право и додаде дека се загрижени поради одлуката, известува Анадолу.
Во разговор за шведската телевизиска станица СВТ Нихетер, Штенергард ја критикуваше одлуката на Израел за ескалација на нападите во Газа.
Нагласувајќи дека обидите за анексија, промена или намалување на територијата на Газа се спротивни на меѓународното право, Штенергард истакна:
„Многу сум загрижена за одлуката што ја донесе израелската Влада. Во време кога ни е потребен прекин на огнот, оваа одлука покажува сосема спротивна насока.“
Шефицата на шведската дипломатија Штенергард продолжи со зборовите: Според локални извори, израелската Армија се подготвува во целост да го окупира градот Газа.“
„Одлуката на израелската Влада за понатамошно ескалирање на нападите во Газа го крши меѓународното право. Загрижени сме поради одлуката.“
Шкотскиот премиер Џон Свини изјави дека одлуката на израелската Влада да ја преземе контролата врз Газа е неприфатлива и ја повика меѓународната заедница да го запре Израел, известува Анадолу.
Премиерот Свини сподели објава на својот профил на Х во врска со одобрувањето на израелскиот Кабинет за безбедност на новиот план за окупирање на градот Газа, сместен во северниот дел на Појасот Газа.
„Одлуката на израелската Влада да ја преземе контролата врз Газа е целосно и апсолутно неприфатлива. Оваа одлука ќе создаде дополнителни хуманитарни страдања за палестинскиот народ и дополнително ќе го ескалира конфликтот. Меѓународната заедница мора да го запре Израел и да постигне прекин на огнот“, наведе шкотскиот лидер во својата објава.
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, остро го осуди одобрувањето на планираната инвазија на Газа од страна на израелскиот Кабинет за безбедност, известува Анадолу.
Во објавата на својот профил на платформата X, министерот Албарес наведе:
„Најостро ја осудуваме одлуката на израелската Влада да ја засили воената окупација на Газа. Ова ќе доведе до понатамошно уништување и страдање. Итно се потребни траен прекин на огнот, итен и голем прилив на хуманитарна помош и ослободување на сите заложници.“
Шефот на шпанската дипломатија Албарес, исто така, го повтори својот став дека „дефинитивниот мир во регионот може да се постигне само преку воспоставување решение за две држави, вклучувајќи реалистична и одржлива држава Палестина“.
Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг изјави дека одлуката на израелската Влада да го окупира градот Газа ќе ја влоши „хуманитарната катастрофа“ во регионот, и ја повика Владата во Тел Авив да се откаже од својата одлука, известува Анадолу.
Според „Еј-би-си њуз Австралија“, министерката Вонг дала изјава во врска со одобрувањето на новиот план за окупирање на Газа од страна на израелскиот Кабинет за безбедност.
Во изјавата Вонг вели:
„Австралија го повикува Израел да не тргнува по тој пат, што дополнително би ја влошило хуманитарната катастрофа во Газа“.
Повторувајќи го повикот за решение со две држави, Вонг истакна дека постигнување траен мир е единствениот начин државите Палестина и Израел да живеат една до друга во мир и безбедност во рамките на меѓународно признатите граници.
Министерката Вонг изјави дека трајното присилно раселување на Палестинците го крши меѓународното право и нагласи дека Австралија продолжува со континуираните повици за прекин на огнот, ослободување на заробениците и непречено доставување на хуманитарна помош.
Израелскиот кабинет за безбедност одобри нов план кој повикува на окупација на градот Газа, кој се наоѓа во северниот дел на Појасот Газа.
Според локални извори, израелската армија се подготвува во целост да го окупира градот Газа.
news_share_descriptionsubscription_contact
