Dmitri Chirciu
25 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
МОСКВА
Во рускиот град Нижњи Ломов од засега непознати причини избувна пожар во една зграда. Во пожарот животот го загубија 7 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за вонредни состојби на Русија соопшти дека во подрачјето Пенза во градот Нижњи Ломов избувнал пожар во кој починале 7 лица, од кои 3 деца.
Пожарот е ставен под контрола, а засега не е позната причината што го предизвикала пожарот.