Emre Gürkan Abay
11 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
МОСКВА
Министерството за одбрана на Русија ги обвини САД за вршење агресивни акти кои претставуваат закана за безбедноста на регионот, поради нивните воени активности на Црното Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на руското Министерство за одбрана се наведува дека е забележан раст на воените активности на САД и НАТО на Црното Море.
Во соопштението се тврди дека Русија во последните 24 часа открила и следела 4 извидувачки авиони на НАТО.
„Тоа што САД и нивните сојузници реализираат непланирани вежби близу нашите граници на Црното Море, се агресивни акти кои не се провоцирани од страна на Русија, а претставуваат закана за безбедноста и стратешката стабилност на регионот“, се истакнува во соопштението.