Islam Doğru
16 Април 2021•Ажурирај: 17 Април 2021
ЊУЈОРК
Видеоснимката на која се гледа како американската полиција во Чикаго пука на 13-годишниот Адам Толедo, кој беше застрелан додека бега, повторно на дневен ред во земјата го врати насилството на полицијата, известува Агенција Анадолија (АА).
Видеоснимката од инцидентот што се случи на 29 март за првпат е објавена на прес-конференцијата што ја одржа градоначалничката на Чикаго, Лори Лајтфут.
На видеото може да чуе како во една темна улица, полицијата, бркајќи едно момче, извикува: „Застани веднаш!“, а откако момчето застанува, му наредуваат: „Покажи ги рацете! Спушти го тоа на земја, спушти го на земја!“, и во моментот кога момчето ги подигнува рацете во воздух, се слуша истрел и тоа се струполува на земја.
На прес-конференцијата дадена е информацијата дека настанот се случил во местото Литл Вилиџ во Чикаго, а момчето кое било застрелано е 13-годишниот Адам Толедo.
Обвинителството забележа дека полицијата излегла на местото на настанот откако била дадена пријава за истрели од огнено оружје, а Толедo со пиштол во раката се обидел да избега.
Адена Вајс Ортиз, адвокатката на семејството Толедo, тврди дека на снимката се гледа како Адам Толедo е застрелан во градите додека се обидува да ги почитува наредбите на полицијата „Застани и крени ги рацете во воздух!“
Објавено е дека полицаецот кој го застрелал Толедo е 34-годишниот Ерик Е. Стилман кој по настанот заминал на 30-дневно административно отсуство.
Додека видеото на кое е забележан моментот на пукање врз Толедo на социјалните мрежи предизвика големи реакции насочени против полициското насилство, градоначалничката Лајтфут до граѓаните упати повик за „смиреност и мир“.