Mehmet Solmaz
22 Мај 2026•Ажурирај: 22 Мај 2026
Американскиот Стејт департмент вчера соопшти дека ја одобрил потенцијалната продажба на опрема за одржување на ракетниот систем „Хок“ на Украина, во вредност од 108,1 милион долари, јавува Анадолу.
Според известувањето до Конгресот, Украина побарала приколки со подвижни јарболи (носачи) со значителни модификации и поддршка за одржување, резервни делови, потрошен материјал и дополнителна опрема. Покрај тоа, побарана е помош за поправка и сервис, како и инженерски, технички и логистички услуги од американската Влада и приватните изведувачи за ракетните системи „ФранкенСАМ ХОК“.
Стејт департментот соопшти дека предложената продажба ги поддржува целите на надворешната политика и националната безбедност на САД преку подобрување на безбедноста на Украина, која ја опиша како партнер што придонесува за политичката и економската стабилност во Европа.
Во соопштението се наведува дека пакетот ќе ја зајакне способноста на Украина да одговори на сегашните и идните закани преку засилување на нејзините интегрирани капацитети за воздушна одбрана за самоодбрана и регионални безбедносни мисии.
Од Стејт департментот додадоа дека Украина ќе нема никаков проблем да ја прифати оваа опрема и да ги искористи услугите во рамките на своите вооружени сили, како и дека оваа продажба нема да ја наруши или промени моментната рамнотежа на воените сили во регионот.
Главен изведувач на програмата е корпорацијата „Сиера Невада“ од Енглвуд, Колорадо.
Стејт департментот истакна дека предложената продажба ќе нема негативно влијание врз одбранбената подготвеност на САД.